Внимавајте што објавувате: Поради оваа фотографија Џон Тери остана без повеќе од 420.000 евра

Пишува: Точка

Крадците кои провалиле во куќата на фудбалерот Џон Тери, излегле од неа со плен поголем од 420.000 евра. Од неговата вила украле дизајнерски чанти и скапоцен накит, а дека имотот е чист знаеле бидејќи поранешниот капитен на Англија на Инстаграм се пофалил дека ужива со своето семејство на скијање во Швајцарија.

Крадците провалиле во неговата вила во Oxshott во Сари, а потоа со часови претурале преку неговите работи. На крајот заклучиле дека ќе земат колекција женски чанти вредни повеќе од половина милион евра и првото издание на Хари Потер (потпишано) кое вреди околу 20.000 евра.


Сигурни дека ќе нема никој дома, во вилата провалиле вооружени со секири. На почетокот претурале низ неговата спална соба, а потоа си заминале и се вратиле истата вечер знаејќи дека никој нема да ги попречува во нивниот криминал.

Дека кај Тери ќе ја најдат најскапата колекција на женски чанти на светот биле сигурно, повторно поради Инстаграм. Всушност, покрај тоа што Тони сака да се фали со својата колекција, лани нејзиниот сопруг ѝ поклонил торта во облик на дизајнерска чанта.
Грабежот се случил на 25-ти февруари оваа година, но британските медиуми штотуку откриле за ова бидејќи започнало судењето на крадците.
Како што можело да се слушне во судницата, крадците набрзо сфатиле дека нема шанси да ги земат сите чанти со нив па ги селектирале најскапите 28, меѓу кои и Хермес чанта од змиска кожа, Шанел во вредност од 9.500 евра, понатаму уште неколку со потпис од Гучи, Луј Витон и Ив Сен Лорен. Но бандата која провалила во домот на овој милионер, веќе го направиле тоа неколку пати кај други милиони излегувајќи со богат плен. Се проценува дека така заработиле околу 70.000 евра.

No comments

Powered by Blogger.