Деца пливаат и не знаат дека ги демнат 400 ајкули!

Пишува: Точка

Фотографот Шон Скот бил шокиран од глетката која ја видел под водата кај плажата Ред Блаф во западна Австралија.

Човекот не можел да им верува на своите очи кога видел две ајкули од три метри како се приближуваат до групата деца која безбедно се капе.

"Досега не сум видел да пријдат толку блиску до луѓе. Со својот дрон ги видов ајкулите како пливаат на метар-два од децата и се преплашив", рекол Скот.

Децата пловеле на сурф даски на неколку метри од брегот, кога овие морски предатори им се доближиле.

"Беше неверојатно да се гледа како тие деца безгрижно пливаат на грб и вистинска среќа е што ајкулите не ги нападнаа", рекол Скот.

Фотографот рекол дека е среќен што во вистинско време се нашол на вистинско есто и го забележал тој единствен момент во природата.


"Привилегија е да се видат тие ајкули во природното окружување. Постоше огромен мамец кој привлече стотина ајкули, но тоа што ме импресионираше е како луѓето и ајкулите коегзистираа едни крај други", вели Скот.

No comments

Powered by Blogger.