Англичаните предупредуваат: Манчестер ќе игра против Реал на потенцијално опасни услови како што температурите во Скопје се искачуваат на 40 степени

Пишува: Точка

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе го одиграат одлучувачкиот натпревар во неподнослива жештина, пишуваат светските медиуми.

Манчестер Јунајтед слетуваат на Балканот токму за време на топлотен бран кој ја погоди Македонија, со температурата во Скопје над 40 степени Целзиусови.



Условите нема да бидат погодни за играчите на Мурињо и Зинедин Зидан за време на натпреварот во вторник, со температурите кои се предвидува дека нема да се симнат под 35 степени.

Јунајтед и Реал одиграа натпревари во неподнослива жештина на нивните неодамнешни предсезонски турени во САД, вклучувајќи го и натпреварот меѓу овие два тима во Санта Клара, но високите температури и топлотниот бран во главниот град на Македонија најверојатно ќе биде најжешкиот натпревар кој ќе мораат да го издржат.



Предупредувања од здравството стигнуваат од сите делови на Јужна Европа каде што температурите - највисоки до сега во изминатите неколку децении - постигнуваат потенцијално опасни нивоа.

No comments

Powered by Blogger.