Чудовиштето се буди? "Супервулканот" ѝ се заканува на цела Европа: Пред 39.000 години неговата ерупција ги уби неандрталците

Пишува: Точка
Во заливот на Неапол се наоѓа најопасниот вулкан кој покажува знаци на будење. Секако, не станува збор за Везув, кој на Неапол му се заканува од источната страна, туку неговиот поголем татко - супервулканот Кампи Флегреи - кој е многу пореална и поголема закана на запад во градот, а во превод значи "пламени полиња".
За овој супервулкан, како и уште неколку на планетата, повремено се пишува во сите медиуми, но BBC се обиде да објасни каков погубен ефект би можел да има врз целата цивилизација ерупцијата од овој супервулкан.
Огромните комори со магма од овој супервулкан се формирале уште пред неколку стотици илјади години. За колкав вулкан станува збор тешко е да се каже, а во неговите 11 километри широка калдера живеат пола милион луѓе.
Последната негова ерупција, таа од 1538-ма година, била релативно мала, односно толку "мала" што после неа се формирала "Нова планина" - "Monte Nuovo". А колку подолго време ќе помине откако ваков вулкан ќе еруптира со полна сила, силите под него се натрупуваат и стануваат се поголеми и помоќни.

Антонио Коста од Националниот институт за геофизика и вулканологија во Болоња, изјавил за BBC дека Кампи Флегреи е во критична состојба: "По нашите критериуми за предвидување, очекуваме нешто кое се нарекува "жестока стромболијанска ерупција", релативно "мала" во однос на суперерупцијата."
Најкатастрофалната суперерупција од овој вулкан се случила пред 39.000 години, кога 300 кубни километри биле под лава и карпи кои чаделе се до стратосферата, ослободувајќи 450.000 сулфур-диоксид, а облакот стигнал и до 2.000 километри оддалечената површина на денешна Русија. Европа особено настрадала бидејќи секако се наоѓала во ледено доба, па на нејзините тогашни жители и живиот свет навистина не му било потребно дополнително заладување. Од Италија, преку нашиот регион, Балканот и Источна Европа паднале околу 20 сантиметри вулкански пепел, а врз териториите на денешна Русија дури 5 сантиметри.

Пепелот содржел големи количини на флуроид, а од ваквата комбинација билките, животните и луѓето умирале масовно. Следната лоша вест е дека сулфурниот облак предизвикал вулканска зима. една од најголемите ерупции на 20-тиот век, таа на Маунт Пинатубо во 1991-ва година, ја спушти глобалната температура оваа година за 0,6 степени Целзиусови.

No comments