Протест пред Владата, со 30 возила блокиран сообраќајот на „Илинденска“

Триесетина граѓани со возила денеска го блокираа сообраќајот пред Владата предизвикувајќи нервоза и хаос во сообраќајот. Според полицијата, станува збор за претставници на Здружението на граѓани за борба против сиромаштијата, кои ја блокирале улицата Илинденска, објави Макфакс.

Пишува: Либертас



Протестот се одржа во исто време кога премиерот Зоран Заев од прес-центарот на Владата го објави договорот што ќе биде потпишан на 1 август со бугарскиот премиер, Бојко Борисов за добрососедство и соработка.

No comments

Powered by Blogger.