Со пластични операции 30 години избегнувал апсење: Паднал "Белоглавиот" - лидер на многу насилна нарко-банда

Пишува: Точка

Бразилската полиција го фатила озлогласениот лидер на наркокартел, кој користел пластична хирургија за цели 30 години да избегнува апсење.

Луиз Карлос да Роча, познат како "Белоглавиот", наводно е лидер на огромно кокаинско царство во Јужна Америка, пренесува BBC.



Сојузната полиција вели дека Роча е обвинет за казни кои имаат вкупно затворско траење од 50 години.

Станува збор за "криминалец кој живеел дискретно и во сенка", рекле од полицијата.



Роча бил уапсен во Сорис, во западната сојузна држава Мато Гросо, оваа седмица.

Лидерот на наркокартелот живеел во градот со лажно име Витор Луиз де Мораес. Полициските агенти споредувале стари познати фотографии од Роча со фотографии од новиот осомничен, и заклучиле дека Луиз Карлос да Роча и Витор Луиз се една иста личност.



Бразилската полиција рекла дека неговата организација е позната по тоа што е насилна, и користи оклопни возила и тешко вооружување.

Роча произведувал кокаин во Боливија, Перу и Колумбија, а потоа со помош на компликуван транспортен состав го праќал во Европа и САД.



Луиз Карлос да Роча е обвинет и дека е еден од главните снабдувачи со кокаин на криминалните организации во Бразил. Се смета дека неговото царство произведувало пет тони кокаин месечно.


No comments

Powered by Blogger.