За сѐ се виновни Русите: Оваа земја преку ноќ ќе порасне за 25 сантиметри во висина

Пишува: Точка

Како е возможно висината на површината на цела земја да се подигне преку ноќ и притоа да се знае кога точно ќе се случи ова? Одговорот е едноставен...

Висината на државата Естонија се очекува преку ноќ да порасне помеѓу 15 и 25 сантиметри - откако беше објавено дека земјата ќе престане да го користи рускиот стандард за надморска височина и ќе мора да премине на западноевропскиот начин на мерење.



Рускиот систем се потпира за мерењето на надморската височина врз плимата во Кронштат во Санкт Петербург, додека европскиот систем ги следи мерењата според станицата во Амстердам основана во 17-ти век.



Еден позитивен ефект од оваа промена е тоа што на градежните проекти кои Естонија ги изведува на границите со Латвија инженерите повеќе нема да има потреба да ја пресметуваат конверзијата.

Воведувањето на новиот систем ќе се поклопи со 100-годишнината од Декларацијата за независност на Естонија.



"Балтичкиот систем за надморска височина од 1977 е излишен", изјави официјален претставник на Естонија за националната телевизија EER и додал: "Постои желбата да бидеме во истиот систем со Европа" ...

No comments

Powered by Blogger.