(Вознемирувачко видео) Тинејџерка изгубила рамнотежа и паднала од височина од 23 метри!

Пишува: Точка

Адити Санги (16) им помагала на другите ученици во училиштето за време на симнувањето со јаже.

Вознемирувачката снимка која се појави во вторникот на Интернет ја прикажува тинејџерката како паѓа од врвот на зградата во индустрискиот град Јаипуру.

Адити Санги (16) им помагала на другите ученици на училиште за време на вежбите на симнување со јаже.

На снимката се гледа моментот во кој таа губи рамнотежа, паѓа од височина од околу 23 метри и умира, додека останатите ученици вриштат од страв. Активноста ја предводел нејзиниот татко, Сунил Санги, а до стравичната несреќа дошло во меѓународното училиште за девојки, пишува Daily Mail.

Според тврдењето на докторката Раки Гупта, станува збор за несреќен случај, но неколку ученици изјавиле дека трагедијата можеби би можела да се избегне доколку постоеле безбедносни мерки - како ограда или мрежа.

Полицијата соопшти дека ќе истражува што всушност се случило во моментот на фаталниот пад.

No comments

Powered by Blogger.