Фудбалерот од 222 милиони евра има сѐ - освен единствената жена која ја сака: "Го уништила"

Пишува: Точка
Со плата од неверојатни 600.000 фунти неделно, бразилскиот фудбалер Нејмар може да има што посака, освен жената која според тврдењата на неговите пријатели е љубовта на неговиот живот.

Нејмар има автомобили вредни 18 милиони фунти, приватен авион вреден 14 милиони фунти и недвижнини ширум целиот свет па не е ни чудно што е еден од најпосакуваните ергени на светот. Но за жал, 21-годишната Бруна Маркезине тоа и не ја интересира многу. Откако поминале пет години заедно, манекенката и актерка го оставила по нивното патување на сафари во Јужна Африка во јуни оваа година.
Неговите пријатели раскажуваат дека раскинувањето го уништило и дека тој се бори да продолжи понатаму без неа, додека судејќи по се' Бруна воопшто не жали за прекинот на нивната врска.
Додека медиумите ширум светот се полнат со вести за неговиот рекордерен трансфер од Барселона во Париз Сен Жермен, вреден 196 милиони фунти, неговата поранешна девојка објавува фотографии на кои ужива без најмал знак на жалење или тага. Иако поминаа речиси шест години заедно, на нејзиниот профил повеќе нема ниту една фотографија со Нејмар. Од друга страна, тој се уште ги чува заедничките фотографии на неговиот профил.

"Љубов која никогаш нема да престане", напишал тој во јуни под заедничка фотографија. Но за жал, љубовта престанала.

Пријателите нагласиле дека Нејмар и Бруна ја прекинале врската по одморот со неговото семејство па можеби токму тоа ја одиграло главната улога во прекинот.

"Како успешен фудбалер, Нејмар многу се сомнева и не им верува на луѓето, па го прави само она што ќе го посоветува татко му, кој е неговиот менаџер. Луд е по Бруна, дури и сега кога не се заедно. Таа е единствената работа која тој искрено ја сака", изјавил еден пријател.

Друг пријател раскажал дека фудбалерот очајно сакал да се ожени со манекенката и дека сонувал за тоа да станат новите "Пош и Бекс". Бруна овие приказни ги отфрлала велејќи дека тој никогаш не ја ни побарал. Близок пријател на семејството пак изјавил дека тие прекинале бидејќи Нејмар станал зависен од неа.

"Не и' остави ниту најмал сомнеж дека таа е жената не неговиот живот. И таа беше заљубена во него но не до толку многу", изјавил.
Наводно фудбалерот три пати се подготвувал да ја побара за жена, но еднаш се исплашил, вториот пат семејството го разубедило, а третиот пат беше на одморот во Африка, но знаеме како заврши тоа"...

No comments

Powered by Blogger.