Американците се подготвуваат за превентивен напад на Северна Кореја: Веќе се избрани 20 потенцијални мети

Пишува: Точка

Високи функционери тврдат дека се наближува едно сценарио во кое што Америка прва ќе удри на Северна Кореја, а веќе се познати и 20-те потенцијални мети ширум државата.

Американски воени извори потврдија во разговор за "NBC" дека Пентагон веќе има подготвено план за започнување на превентивен удар на Северна Кореја, а сега кога од Пјонгјанг порачуваат дека се подготвени за ракетен напад на американскиот остров Гуам, тој превентивен напад се чини како неизбежна опција за САД.

Според зборовите на неименуваните високи функционери од американското министерство за одбрана, постојат неколку можности - нападот би можел да биде изведен со „Б-1Б“ бомбардери кои што веќе се распоредени во воздухопловната база на американската армија на островот Гуам.

Но, нападот на Северна Кореја би можел да биде изведен и од копно, море, но и од сајбер-просторот - во зависност од тоа која стратегија на крајот ќе ја одбере американскиот претседател Доналд Трамп.



Американската армија наводно веќе идентификувала 20-тина мети на просторот на Северна Кореја, а метите вклучуваат разни ракетни полигони, подрачја за тестирање на оружја и останата инфраструктура поврзана со севернокорејската ракетна и нуклеарна програма.

Севернокорејските власти во неодамна открија дека нивните планови за лансирање на четири балистички ракети од среден домет „Хвасонг-12“ во правец на островот Гуам се при крај. Севернокорејскиот план, кој што подразбира балистичките ракети да удрат во водата на 30 или 40 километри од брегот на Гуам, идната седмица ќе му биде претставен на лидерот на државата, Ким Јонг Ун, кој што потоа ќе донесе одлука за следните чекори.

Портпаролот на севернокорејската Народна армија соопшти дека планот за напад ќе биде спроведен „од повеќе правци и тоа веднаш“ откако лидерот на земјата, Ким Јонг Ун донесе одлука за тоа.



Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е „голема закана за нормалните држави“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека на секоја нова закана која ќе биде упатена до САД ќе биде одговорено со „оган, бес и директна моќ каква што светот не видел досега“.

Сепак, тензиите во меѓувреме никако да стивнат, а американскиот претседател Доналд Трамп вчера од Њу Џерси меѓу другото порача: „Народот на оваа земја е безбеден. Нашите сојузници се безбедни. Ќе ви го кажам ова - Северна Кореја подобро нека размисли што прави, или ќе ја снајде неволја како мал број на земји во светот“.

No comments

Powered by Blogger.