Најомразениот човек на светот наскоро зад решетки: Му се закануваат 20 години затвор...

Пишува: Точка

Озлогласениот Мартин Шкрели, претседател на фармацевстската компанија „Туринг“ кој своевремено цената за лек за ХИВ вирусот драстично ја зголеми од околу 13 на 750 долари, прогласен е виновен за измама на инвеститори.

Федералното обвинителство на САД го прогласи за виновен по три точки од обвинението од вкупно осум, а доколку биде осуден, му се заканува затворска казна од 20 години. Тој е обвинет за наводни малверзации со два неуспешни хеџ фондови поврзани со неговата фармацевтска компанија „Ретрофин“.

Меѓутоа, се чини дека тој воопшто не се плаши и смета дека нема да добие голема затворска казна: „Сфаќам, не повеќе од 6 месеци“, напиша Шкрели на Твитер одговарајќи на прашањето колку висока казна го очекува.



Шкрели бил вмешан во неколку тешки измами со хартии од вредност, а во обвинителството сметаат дека на инвеститорите им испраќал лажни информации за успешноста на неговите фондови и на кој начин ги трошел нивните пари. Исто така, тој лажел за своето образование и работно искуство.

На потенцијалните клинти им говорел дека управува со богатство од 100 милиони долари, а никогаш немал повеќе од 3. Незаконски плаќал долгови кои му се натрупале во неговите компании чие што работење не било поврзано со „Ретрофин“.

За време на судењето немало сведочења, ниту пак имало луѓе кои што сведочеле во негова корист. Се уште не е одреден датумот за изречување на пресудата.

Иако овој случај нема никаква врска со лекот за ХИВ вирусот поради кој што се најде на жесток удар на јавноста и стана еден од најомразените луѓе на светот, сепак неговата „озлогласеност“ била спомената при изборот на поротата за случајот. Тогаш многу потенцијални поротници го нарекувале „змија“ и „лицето на корпоративната алчност“, пренесува „Блумберг“.

No comments

Powered by Blogger.