Луд Рус: Си го донел миленикот - крокодил од 2 метри на плажа да си поигра со децата

Пишува: Точка

Локалниот фотограф бил уапсен откако полицијата ги видела фотографиите на социјалните мрежи.

Кога слушаме приказни за луди и опасни работи кои постојано се случуваат во Русија, веќе ништо не не изнеднадува од таа нација. Но оваа ситуација е многу блиску до тоа да ви го затрепери срцето.

На плажата во градот Анапа се случила прилично необична сцена.

Всушност, еден човек си го довел својот крокодил на поводник и им дозволил на децата на плажата да си играат со него и да го допираат.



Крокодилот е долг повеќе од 2 метри и изгледа прилично застрашувачки.

Човекот, локален фотограф, бил уапсен откако полицијата ги забележала фотографиите на социјалните мрежи.

Се претпоставува дека ова животно го искористил за да се здобие со лична корист од видеото и фотографиите.



Крокодилот го чувал во мал аквариум во својот дом. По овој инцидент животното е префрлено во зоолошката градина во Новомоск.

No comments

Powered by Blogger.