Откриле мал ковчег под својата куќа од 19-ти век, телото на малото девојче било се уште сочувано

Пишува: Точка

Мајстори под подот на куќата, за време на реновирање, откриле детски ковчег со стаклен капак.

Семејството од Сан Франциско се шокирало кога работниците кои им ја реновирале куќата им кажале што нашле под неа.

Мајсторите под подот нашле детски ковчег со стаклен капак. Низ него јасно се гледало телото на двегодишно девојче. Шокирани, им се слошило, дел од нив и повратиле. Но кое е тоа дете? По една година ја откриле и вистината.

Ковчегот кој го откриле потекнува од 19-ти век. Тој бил херметички запечатен па телото во него останало целосно зачувано. Низ стаклото може да се види лицето на девојчето кое држи букет цвеќе во рацете.

Ерика Карнер, сопстевничката на куќата во која бил пронајден ковчегот, повикала полиција и организација која закопува неидентификувани и напуштени деца. Се испоставило дека земјиштето на кое е изградена нејзината куќа некогаш биле гробишта, односно до 1930-тата година.

Потоа, просторот бил преуреден за домување, а гробиштата пренесени на друга локација. Очигледно овој мал ковчег останал заборавен...

Со помош на документација од локалните гробишта девојчето било идентификувано. Нејзиното име е Едит Хауард Кук и починала на 13.10.1876-та година на само две години. Откриено е и дека Едит има роднина кој е се уште жив - внукот на нејзиниот брат, Питер Кук.

"Пронајдов роднина за која не ни знаев дека постои. Ова е многу тажно, девојчето немало ни три години кога починало", изјавил Питер.

Причината за смртта на девојчето не е точно откриена, но се претпоставува дека починала од заразна болест и неухранетост. Сега кога е идентификувана, одлучено е да се погребе и да се направи споменик со нејзиното име и фотографија.

No comments

Powered by Blogger.