Исповед на 16-годишната Германка која војувала со џихадистите: Имам само една желба!

Пишува: Точка

Германската тинејџерка, 16-годишната Линда Венцел, која побегнала од дома за да се приклучи на Исламската држава, била заробена при нападот на Мосул, и сега се наоѓа во ирачки затвор.

Германскиот државен обвинител Лоренц Хасе, потврдил дека нивната државјанка е лоцирана и идентификувана во Ирак, и дека германскиот конзулат и пружа помош, меѓутоа, не кажал ништо за условите во кои се наоѓа.



Некои германски медиуми меѓу кои е Sueddeutsche Zeitung, пренесуваат дека разговарале со Линда во воената болница во Багдад, каде и биле санирани повредите. Таа била ранета во колкот, а има повреда и на десното колено, за која рекла дека ја добила при напад од хеликоптер.



"Само сакам да си одам од тука. Сакам да побегнам од војната, од оружјето, од оваа бука. Само сакам да одам дома кај моето семејство", пишуваат медиумите.


Медиумите пренесуваат дека тинејџерката рекла дека и е жал што се приклучила кон ИСИС, и дека сака да ја екстрадираат во Германија, но и дека е подготвена да соработува со властите. 



Линда побегнала од Германија минатото лето. Разузнавачките служби ги забележале нејзините контакти со џихадистичката група, меѓутоа успеала на време да ја напушти земјата и да отиде во Турција, по што им се приклучила на џихадистите во Ирак.


No comments

Powered by Blogger.