Платите во регионот растат, а еве каде може да заработите и до 1.500 евра

Пишува: press24

Работна сила во автомобилската индустрија во Централна и Јужна Европа станува се поскапа.

Најголем пораст на платите се забележани во Унгарија, а најмал во Словенија и Србија.

Просечна месечна плата во автомобислка индустрија во регионот започнува од 1.545 евра во Словенија до 656 евра во Србија.

Во Унгарија платата изнесува 1.209 евра, во Словачка 1.218, а во Хрватска 1.013 евра.

Во Централна Европа која во последните неколку години станала произведувач на моторни возила, бидејќи со евтината работна сила првлекла автомобилски компании, евидентно се зголемува притисокот за зголемување на платата.

No comments

Powered by Blogger.