Оваа работа во Германија никој не сака да ја работи, а дневницата е 150 евра!

Пишува: Точка

Оние кои не се задоволни со дневниците во Македонија, можат да одат во Германија и да заработат и до 10 пати повеќе, каде за собирање на аспарагус може да се заработи и до 150 евра за еден ден.

Работниот ден трае од 8 до 10 часот со една пауза, а недела е неработна. Од овој износ се одбива данок, но сезонските работници тој платен данок можат да го добијат назад, ако вложат барање на крајот на даночната година.



"Во секторот за земјоделство се работи напорно и за надомест од околу 8 и пол евра по час, што за повеќето Германци е многу ниска плата, така што тие не се заинтересирани за толку напорна, а слабо платена работа. Сепак, многу е атрактивна за странците, посебно за Хрватите и Полјаците", вели Марио Котуриќ, член на Управата на Хрватскиот економски сојуз во Франкфурт за Slobodna Dalmacija.



Мислењата на интеернет се поделени. Има такви кои се воодушевени од брзата заработувачка, но и такви кои се разочарани од високите цени, посебно на цигарите и другите луксузни артикли.



Како недостаток најчесто се наведува тоа што се "работи по цел ден", што сместувањето е во работни бараки и што обилен оброк чини 10 евра дневно, но затоа наведуваат дека паузата за ручек трае еден час.

No comments

Powered by Blogger.