Шампион во број на жени и деца поради полигамијата во судот: Добил неверојатни 145 потомци


Пишува: Точка

Блекмор стана рекордер кога стапи во брак со дури 25 жени, од кои во овие бракови добил неверојатни 145 потомци.

Винстон Блекмор (61) од Канада конечно, по 25 години, ќе биде осуден за полигамија. Блекмор стана рекордер стапувајќи во брак со дури 25 жени, од кои во овие бракови добил неверојатни 145 потомци.

Во полиција го пријавила Џејн Блекмор, една од неговите поранешни жени. Блекмор, според зборовите на Џејн, својот развратен живот си го оправдувал велејќи дека "го работи тоа што Бог му рекол да го работи", пишува cbc.ca.



Иако уште во почетокот на деведесеттите години, локалните власти го истражувале случајот на Винстон Блекмор како и повеќекратниот полигамист Џејмс Олер (53), кој ја преземал сектата откако Блекмор во 2002-ра бил екскомунициран.

Двајцата избегнувале затворска казна тврдејќи дека забраната за полигамија се коси со нивните верски чувства, но во 2011-та година била донесена одлука според која забраната на полигамија не навредува ничии религиски чувства, после што можело да им биде судено.



По 12-дневно судење, пресудата за Блекмор и Олер ќе се знае во понеделник.

Инаку, Олер и Блекмор биле дел од мормонската секта FLDS, основана во 1946-та година во малото место Баунтифил кое населува 1.500 луѓе. Сектата има свои филијали и во Сад, каде според проценките брои 10.000 членови.



No comments

Powered by Blogger.