Невреме го парализираше Истанбул: Експлозија на пристаништето, поројот носи возила, најмалку 10 повредени

Пишува: Точка

Најмалку 10 лица се повредени, од кои две потешко, во силното невреме кое во четвртокот го погоди Истанбул, пренесуваат локалните медиуми.

Бурата траела околу 20 минути, а за тоа време покрај поројниот дожд, паѓал и град со големина на топчиња голф, пренесува AFP.



Медиумите претходно пишуваа дека најмалку две лица настрадале во силната бура попратена со поројни дождови и град, која во четвртокот попладне го зафати Истанбул, а водата по улиците доведе до нарушување во јавниот сообраќај и откажување на летови на аеродромот.
Бурата однела многу возила, а граѓаните останале заглавени, обидувајќи се за време на пост-работната гужва да се вратат дома во овој огромен турски град.
Невремето искорнало од корен повеќе од 230 дрвја, речиси 90 покриви се срушиле, а избиле и голем број пожари, но за брзо згаснале, се вели во соопштението на градските власти.

Летовите на Меѓународниот аеродром Ататурк се откажани, а Анадолија изјави дека 16 авиони кои биле упатени кон тамошниот аеродром биле пренасочени кон други дестинации.



Не работело ниту метрото, изјавиле официјални лица. Во пристаништето Хајдарпаса се превртел огромен кран што довело до експлозија и пожар кој потоа бил угасен. Трамвајскиот превоз во некои делови на Истанбул исто така е во прекин.
Две лице биле повредени кога на улица полна со минувачи паднал ѕид од еден стар гроб. Градските власти, како мерка на претпазливост, го затвориле тунелот Евроазија кој ги поврзува азиската и европската страна на Истанбул под Босфор.

Од градското собрание велат дека 7.000 лица се мобилизирани да работат на отстранување на штетите од бурата. Дополнителни временски непогоди се можни во текот на ноќта, додаваат.

No comments

Powered by Blogger.