Бил Гејтс носи часовник од 10 долари: Mилијардери со скромни навики

Еден белоруско-американси маестро во шах еднаш изјавил: „Не е платата таа што ги прави богати луѓето, туку навиките за трошење“.


Пишува: Црнобело

Со оглед на тоа, не е изненадувачко тоа што некои од најбогатите луѓе имаат скромни навики за трошење, занемарувајќи го нивниот успех и огромното богатство.

Добро би било сите да учиме од овие милијардери:
Марк Закерберк вози автомобил од 30.000 долари

Иако може да си дозволи многу поскап автомобил кој ќе го менува секој ден, основачот на Facebook вози Volkswagen со рачен менувач кој чини 30.000 долари или 25.600 евра.



Ворен Бафет сѐ уште живее во истиот дом кој го купил во 1958-ма за 31.500 долари ( 26.900 евра)

Тој е еден од најбогатите луѓе на планетата, но сѐ уште живее во неговиот дом од 500 m² со 5 спални. Милијардерот го опишал ова купување како „третата најпаметна инвестиција која сум ја направил“.


Бил Гејтс носи часовник од 10 долари (8.55 евра)

Заборавете на Rolex, Бил Гејтс носи часовник кој чини само 8.55 евра, а она што можеби го прави уште поскромен е фактот дека тој секоја вечер ги мие садовите за неговото семејство.


Чарли Ерген секој ден си носи ручек од дома

Секако дека јадењето надвор е прескапо. Основачот на Dish Network секој ден си пакува оброк од дома кој се состои од сендвич и пијалак. Тој со неговата сопруга живее во истата куќа веќе 20 години.


Карлос Слим, најбогатиот човек во Мексико се вози сам до работа и низ град

Многумина кои сакаат да бидат богати сонуваат и за свој личен возач. Но овој милијардер од Мексико се вози сам во неговиот стар Mercedes-Benz, си купува облека од неговите продавници и живее во истата скромна куќа во Мексико повеќе од 40 години.


Џон Кодвел е англиски бизнисмен кој сам си ја потстрижува косата

Овој билионер кој сам создал империја сѐ уште го одржува скромниот животен стил. Тој наводно сам си ја потстрижува косата, не дава пари за скапи вина и си купува облека од „ Marks & Spencer “. Тој изјавил дека не му се потребни скапи одела.


Амансио Ортега, основачот кој стои зад Zara, руча заедно со вработените во кафетеријата на Zara

Тајкунот кој стои зад познатиот бутик живее со неговата жена во скромен стан, пазари во локална продавница, се облекува едноставно и секој ден руча заедно со вработените во кафетеријата на компанијата.

No comments

Powered by Blogger.