И Јапонците имаат своја "United Airlines": Натерале инвалид да ползи, бидејќи носење на патници е опасно

Пишува: Точка

Јапонската нискобуџетна компанија "Vanilla Air" одбила да внесе човек во инвалидска количка во авион од безбедносни причини. Бидејќи немале лифт, патникот немал друг избор освен со силата на мускулите на рацете да се довлечка до врвот на скалите.

Инцидентот се случил овој месец на малиот остров Амами, од каде Хидето Киџима, по завршувањето на годишниот одмор, сакал да полета за Осака.



Во својот блог навел дека бил фатен од половина надолу, и дека бил принуден да се одвлече во влезот, потпирајќи се само на раце. Весникот "Asahi" пренесува дека морал да совлада 17 скалила.




Компанијата "Vanilla Air" во средата му се извинила, а по овој немил настан вовела лифтови за хендикепирани патници на аеродромот Амами.

No comments

Powered by Blogger.