"Toj е тенискиот Тајгер Вудс": Испливала темната и бунтовна страна на Новак Џоковиќ, неговиот брак е на климави нозе?

Пишува: Точка

Некогашниот тенисер број еден, преживува тешки денови во своите арени, но и надвор од нив.

"Кога го гледам Новак Џоковиќ всушност гледам сличност со голферот Тајгер Вудс", изјавил коментаторот на "BBC" и некогашен тениски ас, Џон Мекинро.



"Семејните проблем надвор од теренот очигледно ги поткопуваат неговите обиди да се врати во некогашната форма. На него веднаш се гледа дека не е истиот човек од претходно. Кога го гледам Новак, веднаш на памет ми доаѓа Тајгер Вудс. Тој исто така имаше проблеми со сопругата, по кои излета од насоката и потоа никогаш не беше спортистот од претходно. Сега истото му се случува и на Новак. Кај него проблемот очигледно не е физички, туку ментален", рекол Мекинро.



На српскиот тенисер оваа споредба никако нема да му се допадне, бидејќи на славниот голфер со кого Мекинро го споредува, бракот му се распаднал пред 7 години, а кариерата му тргнала во иста насока, откако се воспоставило дека со години ја изневерувал сопругата. 



Ако може да им се верува на таблоидите во Србија, и неговата венчавка со убавата Јелена била под знак прашање поради "неговите излети".

Во 2011. година, на големо се зборувало дека тенисерот се допишува со пејачката Наташа Беквалац, со која се забавувал на Ибица.



Жолтиот печат го поврзувал и со убава адвокатка од Украина, а таа секогаш навивала за него преку Инстаграм.

Емоционална врска имал и со Лидија Поповиќ, позната како DJ Lady Lee, со која бил во врска пред Јелена, а се зборувало и дека бил во врска со боливудската ѕвезда Деепика Падуконе, а тоа е само еден дел од неговата листа.



Кога се венчал со Јелена во 2014. година во Црна Гора, сите сметале дека Новак ќе се смири, посебно откако на свет дошол неговиот син Стефан, но изгледа дека бунтовничката фаза уште не поминала, и дека тоа го сопира да биде оној стариот на терен.



На есен Новак ќе стане татко по втор пат, овој пат доаѓа принцеза, па ќе мора уште еднаш да ги разгледа своите приоритети.

No comments

Powered by Blogger.