Големата желба на OnePlus да го копира Apple e причината за превртените екрани кај OnePlus 5!

Сигурно сте слушнале за проблемот кој се појави кај OnrPlus 5 дисплеите, т.н "jelly scrolling". Добро, сега сите сме запознаени со него, но се прашуваме што всушност го предизвика ваквиот дефект?

Причината за вакивот дефект испадна дека е обратно намонтираниот дисплеј. OnePlus го реши проблемот со сликата на екранот, благодарение на новиот софтверски update, но тоа не го реши jelly scrolling ефектот. Сега за сега, изгледа дека нема решение за ваквиот дефект, бидејќи компанијата тврди дека станува збор за природен проблем. Но, зошто дисплејот беше намонтиран наопаку?

Според новите изјави, не станува збор за случајна грешка, туку компанијата се решила на ваков чекор намерно, со цел да го ископира дизајнот на iPhone 7 Plus. Пробувајќи да ги стави дуалниот систем камери и антените на исто место како кај iPhone 7 Plus, компанијата морала да го премести управувачот на дисплејот на долниот дел од екранот. Ова било направено со цел да се добие место за двете камери и антените во горниот дел од телефонот. Инаку, OnePlus 5 и OnePlus 3T имаат исти екрани, но со различен распоред.



Одлуката да го ископира дизајнот на Apple, заврши со фатални последици за OnePlus 5. Сигурни сме дека компанијата ги приметила дефектите кај екранот пред да почне со масовното производство. Но, не интересира зошто не го поправила проблемот пред да се реши за таков чекор?

No comments

Powered by Blogger.