Note 8 доаѓа во септември и ќе чини 900 долари!

По катастрофата која беше Note 7, сето внимание е фокусирано кон новиот уред во семејството, Galaxy Note 8!



Според Venture Beat, Note 8 официјално ќе биде претставен во втората половина од септември и најверојатно ќе биде еден од најскапите уреди на компанијата. Уште една интересна вест која се појави за уредот е неговата цена. Очигледно, ќе треба да штедите многу пари доколку сакате Note 8 да биде ваш. Неговата цена во Америка ќе биде 900 долари, а во Европа 1000 долари.

Venture Beat, сподели дека уредот ќе доаѓа со dual curve, 6.3 инчен дисплеј, со истиот 18.5:9 сооднос, кој го има и кај Galaxy S8 и S8 Plus. Телефонот ќе доаѓа со неколку новитети, како што е S пенкалото и голем број софтверски подобрувања. Galaxy Note 8, истотака ќе се разликува по дуалниот систем камери од 12 мегапиксели и 6-те GB RAM (2 GB повеќе од S серијата). Финално, компанијата сподели дека уредот ќе биде достапен во сина, златна и црна варијанта.

Како ви звучи уредот, сега за сега? :)

No comments

Powered by Blogger.