После подолго време: „Ni tú ni yo“ нов летен хит на Џеј Ло

Џенифер Лопез официјално ја промовираше нејзината нова песна „Ni tú ni yo“, која во превод значи „Ниту ти, ниту јас“.



47-годишната убавица во секси издание ја промовираше песната на настапот за прославата за 4-ти јули, во Њујорк.

Новата песна ќе се појави на нејзиниот албум кој ќе биде шпански јазик, а се очекува да биде објавен во септември.

Премиерата на видео спотот за песната „Ni tú ni yo“ ќе биде на 10-ти јули.

Џеј Ло изјавува: „Песната е за кога љубовта навистина ќе те изненади - Ni tú ni yo – Ниту ти, ниту јас, не очекувавме ова да се случи...“

Погледнете го видеото со настапот каде ја промовираше песната, а во второто видео преслушајте ја подобро и очекувајте го видео спотот:

No comments

Powered by Blogger.