Дали е возможно? Mercedes-AMG G63 6x6 којшто чини само 9.000 долари!

Пишува: Точка

Возилото коешто на прв поглед изгледа како скапоцениот теренец на Mercedes од 700.000 долари, е всушност одлична копија којашто е изработена од страна на група јапонски студенти со буџет од само 9.000 долари.

Кинезите можеби и се најпознати по производството на копии на оригинални автомобили, но Јапонците ќе им покажат и докажат дека и тие и тоа како може да им конкурираат во оваа вештина.

И за разлика од кинеските производители коишто своите автомобилски “клонови” ги изработуваат сериски и ги продаваат на домашниот пазар, 12 студенти од Јапонија одлучиле да направат само една копија од добро познатиот Mercedes-AMG G63 6x6 како би покажале дека тоа може да го направат со релативно мала сума на пари и единствено само со помош на сопствените вештини и знаења.



Како “донатор на органите” послужиле два Suzuki Jimny JA11 автомобила од 1990-те години, а резултатот е просто воодушевувачки.

Едниот примерок на теренецот под логото на Suzuki е искористен како база за возилото, додека од другиот е позајмена третата осовина за овој Mercedes “клон”.

Механички, доста делови се преземени од Suzuki, но некои системи како што се кочниците, се модифицирани.




Копијата има и слични пропорции како оригиналниот модел, сосема разбирливо, но сепак има помали димензии од вистинскиот Mercedes теренец.

Сепак, моќноста на овој клон е прилично скромна во споредба со оригиналниот модел, со оглед на тоа дека е искористен оригинален Suzuki мотор, а клонот нема ниту погон 6x6 којшто е карактеристичен за оригиналниот модел.



Погледнете ја и целата приказна за ова возило:

No comments

Powered by Blogger.