Maшки љубовен хороскоп: Девицата заведува со таинственост, Лавот со страст

Секој хороскопски знак си има свои карактеристики кои одговараат на карактерот.



Во продолжение прочитајте какви љубовници се мажите според хороскопскиот знак:

Овен - Директен

Кај Овните нема игри и долги разговори. Директни се и едноставни бидејќи точно знаат што сакаат.

Бик - Романтичен

Бикот сака лежерност. Ќе му бидат потребни неколку состаноци за да премине на следното ниво. А, потоа очекувајте романтична предигра.

Близнаци - Шармер

Сака да флертува и е вистински шармер. Ќе ве воодушеви со неговите духовити приказни. Близнаците исто така сакаат секс преку телефон.

Рак - Емотивен

Мажите во овој знак се многу емотивни. За нив сексот не е само физичка средба, туку романтичен и љубовен чин.

Лав - Страствен

Лавот е голем авантурист и ќе се обиде да ве освои на милион начини. Страствен е и сака да доминира.

Вага - Внимателен

Сака да оствари хармонија во врската. Ужива во секси долна облека, масажи и тивка музика.

Скорпија - Мистериозен

На таа негова мистериозност и магнетна привлечност никој не може да одолее. Сексот со него е еден од најдобрите во животот. Но, внимавајте бидејќи по некое време знае да стане ладен и повлечен.

Стрелец - Заводник

Стрелецот знае сé за уметноста на заведувањето. Само неколку мигови се доволни за да паднете во неговата стапица.

Јарец - Комплициран

Ќе ви биде потребно многу трпение за да излезете на крај со Јарец, но ќе бидете добро наградени на крај.

Водолија - Перверзен

Водолиите сакаат да експериментираат во сексот. Сакаат секс играчки и перверзни фантазии. Ако не сте ваков тип, не почнувајте ништо со него.

Риби - Верен

Со мажите родени во овој знак ќе имате многу љубов, верност и внимание. Но, малку се мрзеливи, па можеби ќе треба вие да ги правите повеќето работи.

Девица - Срамежлив

Мажите во овој знак се срамежливи и повлечени. Но, ќе бидете изненадени на што сé се подготвени за да ве воодушеват.

No comments

Powered by Blogger.