Иднината пристига: Дали ваќа ќе го отклучуваме идниот iPhone?

Пишува: Точка

Touch ID e веќе “застарена технологија”. Наскоро ќе може да го отклучите својот телефон токму со помош на своето лице!

Како што пишува Bloomberg, Apple во моментов тестира подобрен безбедносен систем за својот следен iPhone, со подобрени 3D сензори, коишто ќе ви дозволат да се најавите, плаќате или да отворате апликации со едноставно скенирање на вашето лице.

Новата технологија би можела да го скенира лицето на сопственикот на телефонот и да го отклучи во “илјадити дел од милисекунда”. Оваа опција би требало да го замени Touch ID, којшто моментално му дозволува на корисникот со помош на отпечаток од прст да го отклучи телефонот.



Иако засега никој од компанијата официјално не се огласил, во медиумите се шпекулира дека iPhone 8 би можел да ја добиe токму оваа технологија за препознавање на лица, а за тоа и самата компанија дала повод кога го купила израелскиот стартап RealFace.

Инаку, Samsung Galaxy 8 веќе воведе отклучување на телефонот со помош на лице, но корисниците многу брзо пронашле пропусти кај овој систем и сфатиле дека може да го отклучат телефонот и со помош на обична фотографија од корисникот, такашто се надеваме и искрено веруваме дека Apple ќе направи “попаметно” решение.

No comments

Powered by Blogger.