Заспала покрај најдобриот пријател и се разбудила во хорор: Точно знам што си ми направил вчера

Пишува: Точка

Една жена од Англија одлучила две години од преживеаната тортура да излезе во јавност и да раскаже како нејзиниот пријател ја силувал додека спиела покрај него.

21-годишната Ејнџел Роџерсон била со својот 30-годишен пријател Даглас Хоџсон, неговите мајка и сестра, во локалниот паб, пред да се вратат во неговата куќа.

На крајот од вечерта семејството на Хоџсон и предложило на Ејнџел да остане да преспие кај нив, наместо да оди дома.

Бидејќи му верувала на својот пријател, Ејнџел облечена легнала во креветот покрај Хоџсон, кој веќе спиел, и заспала.



Но, кога се разбудила следното утро, иако била облечена, чувствувала голема болка и се посомневала дека Хоџсон ја силувал.

Кога заминала од неговиот дом, му пратила порака: "Точно знам што си ми правел вчера".

Признал дека ја допирал сексуално, но демантирал дека ја силувал.



"Имам цврст сон и не ми беше неверојатно да не сум се разбудила. Со денови плачев. Психички се распаднав", рекла таа.

Лекарите потврдиле дека Хоџсон ја силувал таа кобна вечер во 2015. година. Тој по 22 месеци демантирање, признал дека ја силувал. Осуден е на 6 години и 4 месеци затвор.



Ејнџел продолжила со животот. Се омажила и чека прво дете.

"Ми беше многу тешко повторно да верувам на луѓе. Уште не можам да спијам ако во куќата нема некој член на моето семејство. Имам трауми, но не можам да го минам остатокот од животот во страв", рекла Ејнџел.

No comments

Powered by Blogger.