Galaxy Note Fan Edition vs стариот Note 7: Кои се разликите?

Обновениот Galaxy Note 7 FE конечно беше претставен, овозможувајќи им на Note 7 фановите да "грабнат" посигурна верзија од нивниот омилен уред. Но, покрај батеријата, какви промени може да очекуваме?

1. Сигурна батерија од 3200mAh

Главната и најзначителна промена кај старите Note 7 и обновените Note 7 FE единици е кај батериите. Дефектните модели со батерии од 3500mAh, беа променети со нови батерии со помал капацитет, од 3200mAh. Компанијата тврди дека овие батерии нема да ги предизвикуваат истите проблеми како стариот Note 7. Се надеваме дека е така.

2. Snapdragon 821



Кога се појави, Note 7 на некои места доаѓаше со Snapdragon 820, а на други со Exynos 8890. Новата верзија е снабдена со Snapdragon 821. Се разбира, моќниот Snapdragon 835 го нема во уредот, бидејќи Samsung го чува за Galaxy Note 8, кој доаѓа наскоро.

3. Мали промени во дизајнот



Исто како кај Galaxy S8 и S8 Plus, кај новиот Note 7 модел го нема Samsung логото. Покрај тоа, на задниот дел пишува "Fan Edition", за сите да знаат дека сте голем и верен Samsung фан. :)

4. Samsung Galaxy S8 UI


Обновениот Note 7 FE доаѓа и со истиот интерфејс кој го има на Galaxy S8 и S8 Plus.

5. Bixby


Последно, компанијата реши да го додаде својот нов асистент во Note 7 моделот. Единствена разлика е што кај Note 7 FE го нема посебното Bixby копче.
Како ви звучи новата верзија на Note 7?

No comments

Powered by Blogger.