Нови информации за Galaxy Note 8 најавуваат дека ќе биде најскапиот смартфон на Samsung досега



На крајот од месец август, Samsung треба да го претстави новиот Galaxy Note 8, смартфон кој ќе носи прилично голем товар по неуспехот на неговиот претходник.

Како и досега, информациите за Galaxy Note 8 ги имаме уште неколку месеци пред претставувањето и поголемиот дел од нив се позитивни. Сепак, има и една не толку пријатна, а тоа е дека цената ќе биде 1.000 евра во Европа, што го прави Note 8 најскапиот модел на Samsung досега.

Факт е дека за тие пари ќе добиете вистински моќен смартфон, барем според информациите од твитер „протекувачот“ Evan Blass. Така, дисплејот ќе има големина од 6,3 инчи, 18,5:9 сооднос на страните и многу мала рамка само во горниот и долниот дел, додека страните ќе бидат нежно заоблени – исто како кај Galaxy S8.

Чипот кој ќе се вградува најверојатно ќе биде Snapdragon 835 (се најавуваше 836-ка, но засега нема информации од Qualcomm за ваков процесор), помогнат од масивни 6 GB рам меморија и 64 GB простор.

Ова ќе биде и првиот смартфон од високата класа на Samsung со двојна камера позади, а се најавува и дека сензорот за отпечатоци најверојатно ќе биде вграден во самиот дисплеј. Сепак, такви најави имаше и за Galaxy S8, а сите знаеме на крај дека читачот беше вграден во задниот дел до камерата.

Батеријата на Note 8 исто така ќе биде помала од претходно – ќе има 3.300 mAh, што е прилично малку за толку голем смартфон. Нормално и овој Galaxy Note 8 Ќе доаѓа со S Pen дигитално пенкалце.

No comments

Powered by Blogger.