Трамп подготвил моќно оружје против Путин: Ќе го открие на самитот G20, не се ни тенкови, ни ракети

Пишува: Точка

Трамп доаѓа во Европа со ново моќно оружје против Русија.

На состанокот со лидерите на најмоќните светски држави во Варшава, Доналд Трамп ќе бара зголемување на испораката на американскиот природен гас во Европа, јавува Reuters, повикувајќи се на Белата куќа.



На состанокот кој би требало да се одржи во четврток во Полска, Трамп ќе објави дека Вашингтон има намера максимално да им ја олесни испораката на гас на американските компании во централна и источна Европа.

Републиканците, меѓу кои има многу кои се заложуваат за поостар став кон Русија, ја поддржуваат испораката на гас како политички потег, наведува авторот на текстот.

Зголемувањето на извозот на американскитот гас ќе ги намали можностите на Русија во регионот, изјавил поранешнито главен командант на заедничките сили на НАТО во Европа, Џејмс Џонс.

Се очекува дека САД ќе го заземат третото место во светот по обемот на извоз на гас веќе во 2020. година. Меѓутоа, презаситениот пазар може, без разлика на напорите на Трамп, да го ограничи растот на американскиот извоз на енергенси, нагласуваат авторите. Русија, освен тоа, има многу предност на европскиот пазар - географската близина и поседувањето на текови.
Во Европа очекуваат Трамп да го соопшти ставот на Вашингтон за "Северниот тек 2", гасовод кој треба да се гради преку Балтичкото море до Германија. Сенатот на САД ги одобрил новите санкции против Москва, кои им се закануваат на европските компании со казни за учество во заеднички проекти со Русија. Ова предизвикало негативни реакции од германските власти.

No comments

Powered by Blogger.