Во кој дел од денот смеете да јадете сè, а да не се дебелеете?

Пишува: Точка

Секоја диета подразбира одрекување од одреден вид храна, особено од калоричните јаглехидрати и маснотиите кои најмногу дебелеат.

Но, добрата вест е што постои ситуација во која можете да ја „измамите“ диетата, а да не се каете, односно да не го пореметите процесот на слабеење.

Додека сте на диета, не морате да се одрекувате од омилените јаглехидрати и маснотии како што се пецивата, белите тестенини, сладоледот и маслото. Всушност, постои одредено време во денот кога смеете да се “почестите” со омилената храна, а тоа да не Ви влијае врз слабеењето. Само треба да внимавате да не го практикувате ова секој ден.



Имено, најдобриот период за внесување јаглехидрати е за време на појадокот, додека пак маснотиите нема да ѝ наштетат на Вашата фигура доколку ги јадете во 10 часот наутро. На тој начин организмот има доволно време во текот на денот да ги потроши внесените калории.

Доколку сакате да ослабете и да ја одржувате посакуваната телесна тежина, добро е да јадете во одреден временски период од денот. Појадокот треба да го јадете 1 час по будењето, ручекот отприлика 4 и пол часа подоцна, а неколку часа после тоа е совршено време за вечера.

Доколку правите преголеми паузи помеѓу оброците, Вие ќе бидете гладни, а колку повеќе сте гладни – толку се поголеми шансите дека ќе изедете нешто нездраво и калорично.

Исто така, внимавајте вечерата да ја јадете најмалку 3 часа пред спиењето, со цел да не си легнувате со полн желудник.

No comments

Powered by Blogger.