Chiron би можел да достигнува и до 480 км/час, но го спречуваат гумите



Хиперавтомобилот на Bugatti со сегашните специјални Michelin пневматици може да развие 450 км/ч, тврди тест-возачот Енди Волас. Според неговите зборови, Chiron би можел да ја пробие магичната бариера од 300 милји на час (483 км/ч), доколку би имал гуми кои ќе можат да издржат таква висока брзина.

Од Bugatti Chiron и пред премиерата се очекуваше да биде најбрзиот сериски автомобил во светот на сите времиња.

Окако е понуден на купувачите во 2016. година, овој модел се испорачува со електронско ограничување на брзината, кое е поставено на 381 км/ч. Меѓутоа, сопствениците кои сакаат, имаат можност да ја “отклучат” блокадата и тогаш е можно да се развие до 420 км/ч.



Но, за да се стигне дури и до помалку од двете споменати бројки, неопходно е автомобилот да се вози по специјална писта, иако и понатаму се шпекулира околу тоа колку брзо Chiron може да се движи.



Сè што е преку овие бројки е само нагаѓање, бидејќи не постојат соодветни гуми со цел ова да се спроведе во пракса. А потенцијал постои бидејќи Chiron се движи со помош на 8.0-литарски W16, чија маса, слично како и кај Veyron, е 628 килограми, а која обезбедува дури 300 коњски сили повеќе – 1.500 КС (1.103 kW) при 6700 вртежи во минута и развива 1.600 Nm максимален вртежен момент, достапни во распон од 2000-6000 вртежи/мин!

Автомобилот од 0-100 км/ч забрзува за 2,5 секунди, а до 200 километри на час за 6,5 секунди. До 300 км/ч, автомобилот забрзува за 13,6 секунди.



Покрај Chiron има уште еден кандидат за брзини преку 483 км/ч, а тоа е идниот Hennessey Venom F5, кој својата премиера треба да ја има во текот на 2017. година и кој за разлика од својот претходник, заснован на Lotus, тој е развиeн од нула во својата матична компанија.

No comments

Powered by Blogger.