Американските маринци остануваат во Норвешка: Русите бесни - ова е анти-руска хистерија!

Пишува: Точка

Русите се лути поради константната присутност на американските маринци во Норвешка - поради тоа, Москва порача дека од сега па натаму, Норвешка за Русија е „непредвидлив партнер“.

Руската амбасада во Норвешка остро реагираше на одлуката на норвешката влада да одобри продолжување на престојот на американските маринци на нивна територија. Според Москва, тоа е дел од „анти-руската хистерија“ која ја поткопува европската безбедност и би можела да ги закомплицира односите меѓу Осло и Москва.

Да потсетиме, во Норвешка пристигнаа околу 330 американски маринци. Руските дипломати тврдат дека ова е спротивно на норвешката политика која што забранува воспоставување на странски воени бази за време на мир.



Понатаму, Русите тврдат дека со ова се нарушуваат добрососедските односи помеѓу Норвешка и Русија, а Русија од сега па натаму, поради ваквата одлука на норвешките власти, ќе ја гледа Норвешка како „непредвидлив партнер“.

„Објаснувањето дека ова се американски маринци во ротација едноставно не држи вода. Да, поединечни војници ќе се ротираат, но присутноста на американската војска ќе биде константна“, стои во соопштението.



Да потсетиме, Норвешка не е дел од Европската Унија, но е дел од НАТО Алијансата.

No comments

Powered by Blogger.