Атрактивен манекен одлучи да стане монах: Целосно го променил својот живот и одлучил да го посвети на Бога

ПИШУВА: ТОЧКА

Некогаш Бери, а денес Отец Дионисиј. Денест тој се грижи за духовната сила на имигрантите во Северна Америка и Канада, а честопати ја посетува и Грузија.

Бери бил добар студент кој во светот на модата влегол после само еден состанок со модна куќа. Како тинејџер бил прилично активен, популарен, атрактивен модел кој планирал да ја продолжи својата кариера во Мадрид, но животниот пат го одвел на сосема друга страна кога одеднаш одлучил да стане монах.

Тој бил прилично самостоен за време на созревањето и растењето бидејќи неговите родители морале да се преселат во странство кога тој имал само 16 години, па морал да научи да живее без нив.



Сепак, неговиот живот драстично се менува кога тој се преселил да живее во Грција. Божја волја била да го запознае својот моментален исповедник архимандрит од Грчката делегација која допатувала во Грузија пред пет-шест години во црквата Света Троица.

"Му благодарам на Бога, толку млад беше тешко да се подготвам за самостоен живот, но тоа беше поклон за мене од Бога. Радикално го променив полето на интерес и животот општо, сега најзначајни ми се молитвите и работата во манастир. Подолг временски период поминав во тишина и молк" - изјавил Отец Дионисиј во 2015-та година, кој своето монашко име го земал од Дионисиј Ареопагит.



Отец Дионисиј денес се грижи за духовната сила на имигрантите во Северна Америка и Канада, а често ја посетува и Грузија.

На неговата мајка ваквиот негов живот пат ѝ паднал прилично тешко, па честопати низ солзи го моли да размисли уште еднаш, но тој сфатил што е вистински значајно за него - а тоа е средбата со Бога.



Уште како дете имал посебна почит кон Акрополот во Грција.

"Кога за прв пат го посетив местото каде што апостол Павле му проповедал на Христос почувствував неверојатна радост. Тогаш и донесов одлука да се замонашам и многу сум среќен поради тоа", вели Отец Дионисиј.

No comments

Powered by Blogger.