Кои се имињата на близнаците на Бијонсе и Џеј Зи и кое е нивното значење?

Прво, Бијонсе со прекрасна фотографија ја објави веста за нејзината бременост со близнаците. Сите едвај чекаа таа да се породи и ја следеа до последен ден, чекајќи официјална потврда од родителите дека тие се родени, но ја добивме од нејзиниот татко.

Пишува: Црнобело

И останува уште само едно прашање – кои се нивните имиња?

Сега, и за тоа го имаме одговорот. Имињата на близнаците на Бијонсе и Џеј Зи се Сир и Руми, а родителите ги заштитиле имињата за понатамошно употребување.

Секако, нивните имиња се невообичаени и сигурно имаат посебно значење.

Името на Руми е можеби одбрано по поетот и муслиманскиот научник, Џалалудин Руми, кој е познат по своето духовно наследство кое траело со векови. Името исто така се поврзува со Римското Царство, што во Рим е познато и како Rūmā.

Кога станува збор за името Сир, тоа се поврзува со една од познатите поеми на Руми, во која се спомнува Сир. Според некои други извори, Сир е каталонска форма од Syrus или Cyrus, што значи „трон“.

Во секој случај сѐ уште очекуваме потврда и за ова од славните родители, а и по некоја фотографија од близнаците.

No comments

Powered by Blogger.