Трикови за облеката во лето да не ви држи топло

Топлото време на никого не му оди во прилог кога треба да излеземе надвор и буквално да се препотиме.



Доколку не сакате облеката да се лепи за вас и да се чувствувате непријатно, постои можност да се реши и тој проблем.

Само следете ги овие неколку совети и трикови кои ќе ви бидат потребни цело лето:

1. Носете лесна и лабава облека

Колку е поопуштена облека, толку подобро. Обидете се да имате колку што е можно помалку и полесни материјали на вас, ако сакате да се чувствувате удобно.


2. Прескокнете ги цврстите полнети градници

Избегнувајте цврсти и полнети градници кога надвор е топло. Наместо тоа, најдете си прикладен мек градник од квалитетен материјал или пак, одберете бралет.


3. Избегнувајте тенки проѕирни материјали ако не сакате да ви се залепат за телото

Претерано тенките материјали личат како да се измислени за топлите денови, но доколку имаат структура, со рабови, за да не се лепи за вас во моментот кога ќе почнете да се потите.


4. Слоеви од плетени материјали

Ќе изгледате уникатно, а воедно ќе го чувствувате и секое дување на ветерот, па ќе ви биде многу попријатно.


5. Бирајте облека од природни материјали

На пример, памукот, секогаш е подобар избор од синтетичката облека. Освен што е попријатен за носење, тој ја апсорбира потта и побрзо ја суши, што значи дека нема да се чувствувато непријатно додека имате на вас природен материјал.


6. Избегнувајте облека со украси – особено тешки, како монистри или метални парчиња

Тие тежат и прават облеката да биде позалепена до вашата кожа, што предизвикува поголема топлина. Одберете парче облека со шари, што ќе дадат сличен ефект како деталите.


7. Носете со вас шешир или лесна марама

Ставете ја марамата на рамената или шеширот на глава, секојпат кога ќе почувствувате дека сте преизложени на сонце за да не ве пече директно. Ако е лесен материјалот, нема ни да чувствувате дека се на вас.


8. Заменете ја големата торба со мала чантичка

Последното нешто што го посакувате во топол ден е да влечкате огромна чанта со вас, бидејќи ќе ве поти уште повеќе.


9. Користете марама за да ја одвоите косата од вратот

Мала памучна и лесна марама е одлична за апсорбирање на потта од вашиот врат и раменици. Можете да ја врзете вашата коса со неа или да ја ставите околу врат. Можете да ја испрскате со ладна вода за подобар ефект.


10. Покријте се повеќе за да ја заштитите кожата од сонце

Директното печење може само повеќе да ја оштети вашата кожа, а освен тоа ја зголемува и температурата на телото. За овој проблем, ракавите се секогаш на ваша страна. Но, нека бидат широки за да не се лепат за вас.


11. Држете се до светли бои

Добро познато правило. Темните бои ја апсорбираат светлината и прават да ви биде потопло, додека пак, светлите бои ја одбиваат светлината и ќе ја одржат свежината.


12. Носете минимален накит

Обетките се во ред, бидејќи тие не се допираат многу до вашата кожа, за разлика од ланчињата, прстените и бразлетните кои ќе ви предизвикаат проблеми кога температурите се високи.

No comments

Powered by Blogger.