Од што живее озлогласениот лидер на Северна Кореја и од каде има толку пари?

Пишува: Точка

Од каде Ким Јонг Ун има пари за да живее луксузен живот како милијардер, додека истовремено во неговата земја луѓето буквално умираат од глад.

Ким Јонг Ун на црвениот тепих на воените паради редовно излегува од најлуксузни Мерцедеси. Ова не е ништо чудно за некој диктатор или авторитарен владетел да купи прескап луксузен Мерцедес, но кој би му продал такво нешто на врховниот лидер на оваа „затворена“ земја, се прашува „СиЕнЕн“.

Северна Кореја е под тешки меѓународни санкции, но Ким сеедно продолжува да живее луксузно. Тој неодамна купил и луксузна бела јахта, како и скапа опрема за уредување на луксузно скијачко одморалиште.

Само во 2012-та година Северна Кореја имала увоз во висина од 645,8 милиони долари на луксузни работи. Колку тоа е всушност голем удел во вкупниот увоз на сите стоки на државата, доволно покажува податокот од 3,47 милијарди долари потрошени на увоз во 2015-та година.



Ако се тргне уделот на Кина, јасно е дека севернокорејските власти од остатокот на светот направиле повеќе увоз на луксузни работи, отколку се останато. Како е можно лидерот на земјата која што во март минатата годинаги предупреди граѓаните да се подготват за можен глад, да си дозволи ваков луксуз?

Експертите велат дека Ким ова го финансира преку своите банки во кои што се слеваат парите од илегалните бизниси на Пјонгјанг ширум светот. Северна Кореја е обвинета за хакирање на банки, продажба на оружје и дрога, фалсификување на пари, па дури и за криумчарење на загрозени видови на животни.

Овие пари служат за плаќање на националната нуклеарна и ракетна програма за која што Пјонгјанг тврди дека ѝ е потребна на државата за да се одбрани доколку САД посака да го собори режимот на Ким Јонг Ун.


Нуклеарната програма на Северна Кореја рапидно се развива и покрај санкциите и досега одолеа на сите напори на меѓународната заедница да ја сопре програмата. Во 2008-ма година американската Конгресна служба за истражувања открила дека Северна Кореја од илегалните бизниси годишно може да собере од половина до една милијарда долари. Со тие пари се финансира нуклеарната програма и луксузниот живот на елитата во земјата, со што Ким ги задоволува своите најблиски луѓе и покрај санкците, со што прави еден вид на превенција од обид за државен удар и ја зацементирува својата власт.

Аналитичарите сметаат дека на севернокорејските власти може да им се нанесе голем удар ако им се пресечат овие извори. Сметаат дека Доналд Трамп, во обидите да ја притисне Кина да преговара, треба да се обиде Американците да им влезат во трага на тие пари, иако тоа е премногу тешко.



Севернокорејските дипломати ширум светот се обвинуваат дека дипломатските привилегии ги користат за криумчарење на злато и оружје. Обединетите нации соопштија дека дипломатите на оваа земја се корисни затоа што се заштитени со дипломатски имунитет.

За да биде пресечен дотокот на илегалните пари, САД очигледно треба ја укинат можноста на Северна Кореја да ја користи дипломатијата на тој начин, нешто што Обединетите нации во 2016-та година го осудија. Креативноста на Северна Кореја е во пораст во последните години во југоисточна Азија, каде што тамошните влади обвинуваат за вмешаност на дипломатите во планирање на атентати и криумчарење на оружје.

No comments

Powered by Blogger.