Следете го примерот на луѓето од селата во Италија и променете го вашиот живот - од корен

Пишува: Точка

Пиопи е мало рибарско село на југот од Италија, коешто има преубава плажа и музеј посветен на морепловството. Тоа е исто така место коешто претставува олицетворение на принципите на медитеранската исхрана и инспирација за новата книга “The Pioppi Diet”, напишана од познати нутриционисти.

Се работи за 21-дневен план за промена во навиките, за коишто авторите велат дека може засекогаш да го трансформираат вашиот живот

Овој извонреден ефект се постигнува без драстично намалување на калориите или вежбање. Пиопи планот е базиран на избегнување на шеќерите и рафинираните јаглени хидрати, а го поттикнува вносот на зеленчук и масни намирници како што се рибата и маслиновото масло.

Во продолжение ви ги претставуваме принципите на Пиопи исхраната:

Јадете повеќе...

Зеленчук, јаткасти плодови и маслиново масло. Овој водич препорачува пет до седум порции зеленчук и овошје со ниска содржина на шеќери секој ден. Пиопи планот исто така препорачува две до четири лажици маслиново масло како и една рака јаткасти плодови секој ден. Тука се и најразличните видови на масна риба, како што се лососот и сардината, кои би требало да ги консумирате најмалку три пати неделно. Јајца може да консумирате најмногу до десет, а полномасни млечни производи, кокосово масло и темно чоколадо може да внесувате во количество од 30 грама дневно.



Избегнувајте...

Шеќер. Бегајте од сите дополнителни шеќери. Ниту медот не ви е пријател, како и ниту сирупите и овошните засладувачи. Рафинираните јаглени хидрати, особено оние на база на брашно, исто така се вон листата на посакуваните намирници. Во тоа се влучени и тестенините, лебот, рафинираниот ориз, а ако сепак ги консумирате, тоа нека биде повремен десерт. Исто така, треба да избегнувате подготовка на храна на индустриски масла, како што е на пример сончогледовото.

Според Пиопи диетата, не би требало да јадете повеќе од половина килограм месо неделно. Предност дадете му секогаш на свежото месо во однос на сувомеснатите преработки.

Гладувајте еднаш неделно

Во секоја недела треба да изберете ден во којшто помеѓу вечерата и ручекот до следниот ден ќе пиете само течности. Додека гладувате, опаѓа нивото на инсулин во крвта и телото започнува да ги троши залихите од енергија.



Придржувајте се до ограничувањата кога станува збор за алкохолот

Според Пиопи исхраната, може да уживате во 14 единици алкохол неделно и ниту чаша повеќе

Движете се повеќе

Физичката активност не може да ја корегира штетата којашто на телото може да му ја нанесе неправилната исхрана, но ако правилно се храните, не сте пошедени од вежбањето. Најмалку пет пати неделно треба да практикувате брзи прошетки, а генерално треба да избегнувате седење подолго од 45 минути без пауза за да ги протегнете нозете.

Спијте седум часа секоја ноќ

Седум часа сон е минимумот, а би требало да избегнувате изложеност кон екрани на телефони и компјутери во последните два часа пред спиењето.

Дишете

Правилното дишење е клучен дел од здравиот начин на живот, а креаторите на Пиопи диетата препорачуваат секојдневно да правите кратки вежби за дишење. Вдишете со полни бели дробови пет секунди, а потоа издишете го воздухот исто така во период од пет секунди, фокусирајќи се на здивот. Вежбата правете ја две минути, четири пати дневно.

Поминувајте повеќе време со пријателите

Пиопи диетата препорачува секоја недела да одвоите доволно време за семејството и пријателите. На тој начин повеќе ќе се смеете, што исто така придонесува за општо добро на целокупниот организам.

No comments

Powered by Blogger.