Поранешен агент на ЦИА изнел обвиненија на кои НАСА итно одговорила: Кој живее во тајната база на САД на Марс?

Пишува: Точка

Сомнежите дека на Марс постои колонија од деца-робови ги предизвикал преносот во живо од роверот, во текот на кој, според изјавите на бројни гледачи, се појавиле луѓе, за НАСА веднаш потоа да го прекине емитувањето.

НАСА нема колонија од детски робови на Марс и тоа јавно го демантирала.

Обвиненијата на нивна сметка ги изнел новинарот Алекс Џонс од каналот "Infowars", кој тврди дека НАСА киднапира деца и ги држи на Марс.

"На Марс нема луѓе. Таму има само активни ровери. Роверите се таму, не луѓе", рекол Гај Вестер, портпарол на истражувањата на НАСА на Марс.

Се почнало кога Џонс интервјуирал извесен Роберт Дејвид Стил, кој рекол дека децата тајно се киднапираат и се праќаат на мисии на Марс, а потоа заедно почнале да дискутираат на таа тема.

"Ние всушност веруваме дека постои колонија на Марс, која ја сочинуваат деца киднапирани и пратени таму во претходните 20 години. Еднаш кога ќе дојдат на Марс немаат алтернатива, туку мора да бидат робови во таквата колонија", рекол Стил во програмата која се емитувала ширум Америка.

Тоа е само уште една во низата теории на заговори кои НАСА морала да ги демантира. На почетокот на оваа седмица претставници на таа агенција морале да истакнат дека не поседуваат докази за постоење на вонземјани, откако се појавило видео кое го тврди спротивното.

No comments

Powered by Blogger.