Хорор: Пет-годишно момче се дави во базен опкружено со возрасни, а никој не забележува

Пишува: Точка

Содржината може да биде вознемирувачка: Снимката покажува мало момче кое одеднаш започнува да има потешкотии во базен да исплива на површина, а потоа и започнува да се дави при што се онесвестува - но никој не забележува!

Се појави загрижувачко видео од петгодишно момче кое се дави во базен додека луѓето околу него воопшто не забележуваат. На почетокот на видеото момчето може да се види како очајнички се обидува да ја одржи главата над вода во базен во Хелсинки, Финска.

Неверојатно но никој не се чини дека забележува дека впрочем момчето се мачи, незнаејќи д аплива, освен еден човек и неговото дете дури отпосле. Момчето, кое не знае да плива, се обидува на кучешки начин со претање да се добутка до ѕидот на базенот, но не успева да се извлече најверојатно од шок, прецрпеност и потешкотии.

Момент подоцна, неговото тело може да се види како плови во близина, онесвестено, додека другите деца и возрасни си играат во близина - се уште незабележувајќи го.

Чудесно, но момчето го преживува овој инцидент откако една жена сфаќа дека тоа не се движи туку плови во водата.

Момчето веднаш било префрлено во болница кадешто целосно закрепнува. Се претпоставува дека било потопено под вода околу 4 ипол минути...44-годишната мајка го оставила момчето за да оди во сауна, пишува во судските документи. Таа му нагласила да остане во базенот за деца, но тоа изгледа заскитало во областа за возрасни и тогаш започнало да има потешкотии со водата. Судот на мајката ѝ доделил условна казна од четири месеци и морала да плати казна од 1.300 фунти.

Еден од коментарите гласи: "Фала му на Бога што детето преживеало, ова беа најдолгите три минути од мојот живот. Тажно."

Друг: "Сите оние кои се таму и не сфаќаат дека момчето всушност се дави - тоа е страшниот момент! Треба да внимаваме еден на друг повеќе..."

No comments

Powered by Blogger.