Ќе се случи голема катастрофа: Ледена плоча со големина на Бали наскоро ќе се одвои од Антарктикот

ПИШУВА: ТОЧКА

Еден од најголемите ледени брегови некогаш забележан е како "расклатен заб" кој ќе се одвои од Антарктикот и кој ќе претставува голема опасност за бродовите, предупредиле научниците.

Ледената плоча Ларсен Ц, голема како американската сојузна држава Далавер или индонезискиот остров Бали, се држи на уште само 13 километри мраз, откако настанала пукнатина долга 175 километри.

"Не држи сите во неизвесност", порачал Ендру Флеминг од Британскиот арктички надзор, додавајќи дека го потсетува на "расклатен заб".



Ледените плочи се рамни површини од мраз кои пловат на море при крајот на ледниците. Ларсен Ц е дебел 200 метри, со околу 20 метри над површината на водата.

Големите ледени брегови природно се одвојуваат од Антарктикот, а тоа научниците не го поврзуваат со луѓето или влијанието на климатските промени. Сепак, оваа ледена плоча е дел од антарктички полуостров кој брзо се загреал минатите децении.



Експертите сметаат дека Ларсен Ц би можел да се одвои во следните неколку дена или месеци, но тоа би можело да се случи и во наредните неколку години.

Пет илјади квадратни километри големиот леден брег би можел да претставува и дополнителен ризик за тамошните бродови, посебно кога ќе се распука на помали делови. Тоа е подрачје далеку од големите трговски рути, но е позната дестинација за крузери кои доаѓаат од Јужна Америка.



Најголемиот леден брег кој досега се одвоил била плочата Рос, со големина од 11.000 километри квадратни. Плочата се одвоила во 2000. година, и нејзините остатоци се задржале со години.

No comments

Powered by Blogger.