Курдските жени не знаат за страв: Куршумот ја промаши за сантиметар, таа само се насмеа

Пишува: Точка

"Типично човечко суштество би било обележано за цел живот ако вака се соочи со смртта...таа само се насмеа", напишал новинарот под видеото.

Видеото од курдската снајперистка, која се смее откако куршумот ја промашува за само неколку сантиметри, станало вистински хит на социјалните мрежи. 

Неименувана снајперистка од бојното поле во Рака, самопрогласената престолнина на ИСИС, била снимена како нишани и пука на мета која не се гледа на снимката, но секунда откако пукнала, непријателски куршум го погодил ѕидот покрај неа, промашувајќи ја нејзината глава за влакно. 


Сепак, девојката не покажува знаци на страв или шок, туку се смее и шегува со своите колеги. 

"Курските жени не знаат за страв", напишал на Твитер новинарот Хемзе Хамза, кој и го објавил видеото. 


"Типично човечко суштество би било обележано за цел живот ако вака се соочи со смртта...таа само се насмеа", напишал тој.

No comments

Powered by Blogger.