Тешки денови за Коза Ностра: Најпознатата италијанска мафија се сели од Сицилија, а еве и каде...

Пишува: Точка

После долги години криза, најпознатата италијанска мафија започна да мигрира од Сицилија во потрага по „бизнис“ во срцето на Европа.

Покрај фактот што италијанските власти со децении жестоко се борат против организираниот криминал, со сместени бројни „босови“ зад решетки, мафијата исто така мора да се бори со финансискиот крах и големата економска криза на Сицилија.

Операцијата од големи размери против дрога на југозападот на Германија откри дека сицилијанските мафијашки групи ги префрлиле своите „бизниси“ од Сицилија, во побогатите краеви на Европа. Во градот Вилинген-Швенинген на 21-ви јуни биле фатени 19 лица осомничени за криумчарење на дрога, а била запленета и дрога во вредност од 4 милиони евра.

Полицијата верува дека бандите оперирале во Штутгарт и околината, односно во сојузната држава Баден-Вуртемберг. Италијанските власти соопштиле дека мафијашките групи прокриумчариле тони кокаин и марихуана од Албанија до Германија, а потоа ги переле парите преку казино автомати. Освен тоа, постои сомнеж дека профитот од трговијата со дрога бил користен за купување на оружје на Балканот.


Јасно е дека некогаш семоќната Коза Ностра на италијанскиот остров Сицилија веќе го проширува својот „бизнис“ во Германија. Иако во текот на изминатите години се соочија со бројни неприлики, никој не верува дека оваа криминална организација е на работ на исчезнување.

После падот кој што траеше со години, во Италија ги надвладеа калабриската група Ндрангета која што стана најмоќна италијанска мафија, но италијанските и германските власти сега се уверени - Коза Ностра е во фаза на ре-изградба и обновување.

Италијанските власти откриваат дека Ндрангета е „главен играч“ во трговијата со кокаин, но Коза Ностра владее со продажбата на хашишот кој што го увезува од северна Африка и потоа го дистрибуира низ Европа. Во март полицијата пронајде околу 400 килограми хашиш вреден околу 3 милиони евра како „плови“ недалеку од брегот на Италија, откако испораката очигледно не се одвивала според планот.


„Мафијата долго време зависеше од јавни измами и изнуда на рекет, но со економијата во криза, тие се враќаат на своите стари патишта и дистрибуцијата на дрога“, изјавил неименуван италијански судија кој што водел бројни постапки против сицилијанската мафија.

Сицилијанското економско производство во периодот од 2008-ма до 2015-та година паднало за 13%, додека стапката на невработеност изнесува 22%, што е двојно повеќе од италијанскиот национален просек.

Сериозната рецесија им отежнала на компаниите во плаќањето на мафијата „за заштита“, а повеќе од 1 компании престанале да исплаќаат само во Палермо во изминатите десет години.

No comments

Powered by Blogger.