Што ќе каже неговата девојка: Познатиот тенисер фатен во клуб со две тенисерки кои сакаат да се фотографираат разголени

Пишува: Точка

Додека Ајла Томљановиќ, Хрватка со австриски пасош, позната и како девојка на Ник Киргиос, на социјалните мрежи објавува романтични пораки и фотографии со "лошото момче" од белиот спорт, нејзиниот избраник добро се забавува во Лондон.

Киргиос морал да го предаде својот меч од првото коло во Вимблдон поради повреда на колкот. Одлучил тагата да ја излечи со излегување со две девојки. Бринета и блондинка. Двете се инаку тенисерки, уште јуниорки, имаат по 18 години, а британските медиуми пренесуваат дека нивните имиња се Моника Белуковиќ и Челси Самвејс.



Тоа по што некои луѓе ги познаваат - е по тоа дека сакаат на социјалните мрежи да поставуваат бројни фотографии, некогаш и разголени.



Само неколку часа откако се повлекол од Вимблдон, Киргиос одлучил да излезе, а папараците на Островот го фатиле како е прегрнат со Моника, која го бакнала неколку пати. На фотографиите делуваат навистина блиско, но дали станува збор само за пријателска поддршка, ќе видиме.



Инаку, Белуковиќ е родена на 4. јануари 1999. година, а Самвеј на 30. септември 1998. На ITF профилот на Белуковиќ пишува дека последниот меч го одиграла во 2015. година во Панчево. Таа на фјучерсот во Србија изгубила во 2. коло од квалификациите, и како што стојат работите, од тогаш се посветила на некои други работи, а не на белиот спорт.



Нејзината пријателка, Челси, уште игра, иако на Фјучерси. Последниот меч го играла во Португалија, кога изгубила во првото коло од квалификациите на турнир вреден 15.000 долари.



Таа на Инстаграм објавила фотографии од заедничката вечер со Киргиос, а во описот стои "Полноќен блуз".

No comments

Powered by Blogger.