Мистерија од која замрзнува крвта: Нешто ги убива големите бели ајкули и им ја јаде само утробата

Пишува: Точка

Неколку лешови од умрени бели ајкули се појавиле на морскот брег на Јужна Африка, а што уште понеобично, од нивното тело хируршки прецизно бил отстранет црниот дроб, додека кај две ајкули недостасува и срцето.

За биолозите овие лешови биле тотална мистерија, но по подолго теоретизирање, ги насочиле прстите кон орките, односно китовите убијци кои напаѓаат делфини, пингвини, фоки, па дури и други китови.

Можат да пливаат со брзина од 30km/h, а се смета дека се најинтелигентните животни за кои многу работи не се откриени, посебно кога станува збор за нивната развиена комуникација. Обдукцијата ја спровел тимот за зашита на природата Dyer Island, а ја водела Алисон Таунер. Откриле дека станува збор за леш на мажјак од голема бела ајкула и во релативно свежа состојба на распаѓање. Му недостасувале црн дроб, желудник и тестиси, а пред смртта обилно крварел.

Лешот е долг 4,1 метар, а тоа што ги потврдило орките како најверојатни извршители е тоа што активно патролирале на местото на злосторството. Најголемата пронајдена распарчена ајкула била догла 5 метри. 


"Веруваме дека орките навистина може да им бидат закана, а очигледно е дека поради нив многу ајкули побегнале од тука, за што сведочат и нуркачите во кафези", рекла Таунер.

Иако овие китови се врвни ловци, необично е да одат на големи бели ајкули, кои се неоспорни грабливци во тие води. 


Постојат неколку тези поради што китовите јадат само некои од органите на ајкулите, наместо целото нивно тело. Изгледа дека тоа не е необично за нив, бидејќи тие понекогаш убиваат китови и ги јадат само нивните јазици, а тоа е бидејќи некои органи содржат повеќе нутритивна енергија од некои други. Сепак, постои сомнение во таа идеја, бидејќи китовите мора да потрошат многу енергија на убивање на големата бела ајкула. 

"Во секој случај, отстранувањето на тие органи, колку што е мистериозно, толку е и без преседан", вели Таунер.

No comments

Powered by Blogger.