Македонско сценарио во Венецуела: Падна крв во Собранието, владини поддржувачи ги нападнаа опозиционерите и новинарите

Пишува: Точка

Десетици владини поддржувачи упаднаа во зградата на националното Собрание на Венецуела и повредија неколку опозициски пратеници и новинари, пренесува „БиБиСи“.

Сведоци од главниот град на Венецуела раскажуваат дека гневната толпа упаднала во Собранието после седницата по повод одбележувањето на Денот на независноста на државата.

Медиумите кои што се критички настроени кон режимот на Мадуро веднаш започнаа да пренесуваат дел од сцените во Собранието, а на фотографиите се гледаат претепаните опозициски пратеници.






Интернет страницата „Ла Патиља“ која што важи за блиска до опозицијата пренесува дека во зградата на Собранието се слушнале експлозии. Веднаш после експлозиите, групата на владини поддржувачи упаднала и се пресметала физички со пратениците, а според последните информации, осум пратеници се повредени.

Насилствата избија додека претседателот Николас Мадуро на друго место во Каракас држеше говор на воената парада, исто така по повод Денот на независностана Венецуела.



Ситуацијата ескаплираше после неколку месечните протести против режимот на Мадуро, а треба да се напомене дека од изборите во декември 2015-та година, опозицијата го води Собранието и е главен критичар на работата на претседателот на државата.

Опозицијата во Венецуела планира кон крајот на овој месец да организира неофицијален референдум за контроверзниот план на претседателот Николас Мадуро кој има намера да го промени Уставот на земјата преку ново Уставотворно собрание.







Точно од април траат големите политички немири во оваа јужноамериканска земја. Речиси секој ден луѓето протестираат против претседателот Мадуро кој што е обвинет од граѓаните дека е главен виновник за порастот на криминалот, недостигот на храна и лекови и троцифрената инфлација која што ја погоди државата.

No comments

Powered by Blogger.