Кајсиите го чуваат здравјето – еве на кој начин



Доколку сакате да го зачувате здравјето на Вашето срце – консумирајте кајсии.

Доколку не сте љубители на свежите кајсии, консумирајте суви кајсии. Сувите кајсии се богати со калциум-карбонат, кој е одличен за лицата кои страдаат од аритмија. Освен магнезиум, кајсиите изобилуваат и со фосфор, што ја подобрува функцијата на мозокот, а комбинацијата на овие два минерала поволно влијае врз нормализирањето на крвниот притисок.

Кајсиите ја поттикнуваат одбранбената сила на организмот да се избори со инфекциите, тие ги зајакнуваат забите и коските, а доколку се консумираат пред оброкот, помагаат во варењето на храната.



Сокот од кајсии помага кај лицата кои патат од желудочна киселина и подуеност, а исто така помага и против треска, кожни болести како што е егземата итн.

Кајсијата е хранливо овошје кое изобилува со влакна, а притоа е нискокалорично. Таа ги содржи витамините А, Б2, Б3, и Ц, како и корисни природни шеќери, калциум и железо. Поради големите количини на витамин А, кајсиите се сметаат и за најдобриот природен сојузник за зачувување на видот.

Леден чај со кајсии

Исцедете 500 милилитри сок од кајсии, сипете го во сад за правење лед и замрзнете го. Кога ледените коцки ќе бидат спремни за употреба, ситно насецкајте пет до седум кајсии, додадете ги во чаша и прелијте ги со врел индиски чај.

Можете да додадете и свежи парчиња лимон. Овој освежувачки напиток е одличен за топлите летни денови.

No comments

Powered by Blogger.