Големите европски градови избришани од мапа: Погледнете како би изгледала Европа доколку се стопи целиот мраз на Земјата

Пишува: Точка

Доколку целиот мраз на поларните полови се стопи, нивото на морето би се зголемило меѓу 66 и 91,5 метри - соопшти Геолошкиот институт на САД. На кратко, тоа значи дека сликата од бреговите на Европа целосно би се променила, а голем дел од големите европски градови би исчезнале.

Ова сценарио е неизбежно доколку продолжиме да користиме фосилни горива, а не не теши ниту фактот дека Доналд Трамп неодамна одлучи да ги повлече САД од Парискиот климатски договор со кој 195 земји се согласија дека ќе дадат се' од себе за да се избегне зголемувањето на температурата на атмосферата на Земјата за повеќе од два степени Целзиусови.

Корисникот на Reddit, GeoGeek1, направил карта на Европа по топењето на поларните ледени капи. За време нејзиното креирање ги користел податоците објавени во National Geographic.

Еве како изгледа Европа денес:



А еве како би изгледала доколку се стопат поларните капи:



Големите градови како Лондон, Амстердам, Брисел, Стокхолм, Истанбул и Венеција целосно би исчезнале, а поголемиот дел од Холандија и Данска би се нашол под вода. Во проблеми е и Хрватска бидејќи според мапата сите острови би исчезнале, како и Истра и Далмација.

No comments

Powered by Blogger.