Германија ги легализираше геј браковите: ЛГБТ паровите ќе можат да посвојуваат деца



Предлог законот најверојатно ќе помине низ Бундесратот, горниот дом на германскиот парламент, следната недела...

Германските законодавци гласаа за легализација на истополови бракови и тоа само неколку дена откако Ангела Меркел се откажа од своето долгогодишно противење да се гласа за ова прашање, пренесува CNN.

За законот гласаа 393 пратеници, додека против гласале 226. Сите три потенцијални коалициски партнери за владата со Христијанска демократска унија, Социјал демократите (SPD), Зелените и Слободните демократи изјавија дека барањето за истополови бракови е услов кој мора да се исполни за да влезат во потенцијална идна коалиција, пренесува Дојче Веле.

Ангела Меркел пак гласаше против овој закон, иако изминатите неколку дена даде изјава која е протолкувана како промена на нејзиниот став по ова прашање - пред изборите закажани за септември.



Предлог-законот за хомосексуални бракови им ги дава истите права на овие парови како оние кои се хетеросексуални - што значи дека ќе им ја дозволи слободата да се венчаат со избраникот на нивниот живот иако тој е од истиот пол, а ќе можат и да посвојуваат деца со што ќе придонесуваат за општеството и помалку дечиња ќе растат во дом за деца без родители или по улиците на Германија.

Предлог-законот најверојатно ќе помине низ Бундесратот, горниот дом на германскиот парламент, следната недела.

Бундесрат претходно ја одобри легализацијата на истополови бракови, пренесува CNN.



Кога законот ќе биде и официјално потпишан, Германија ќе влезе во 20-те земји во кои геј браковите се веќе одамна легализирани.

Две третини од германците изјавиле дека се залагаат за легализација на истополовите бракови во неодамнешната анкета спроведена преку YouGov.

На крајот од денот, секој има право на слобода сам да избере со кого сака да го помине животот. Многу е подобро за сите нас и генерално за целото општество да ја знаеме сексуалната ориентираност на поединецот, а исто така и поединецот да не се плаши отворено да ја признае отколку од страв и криејќи се да стапува во брак со спротивниот пол уништувајќи им ги животите и на себе и на партнерот кој би живеел во лага. 

No comments

Powered by Blogger.